Volvo D7E
- Дизел-мотор со 6 цилиндри
- Работна зафатнина од 7,2 литри
- На располагање се 240, 280 или 320 КС
- Вртежен момент од 920, 1.050 или 1.200 Nm
- Со турбокомпресија
- Интеркулер
- "Common rail" впрскување на гориво
- EMS - електронски систем за управување на моторот
- SCR технологија
- Дополнително затворено вентилирање на картерот
- Ги исполнува Euro 3, Euro 4 и Euro 5 (со даночна стимулација)
Вистински пријател во градот
Со "common rail" технологијата и електронското управување на моторот, Volvo D7E има многу прецизно впрскување на горивото, што резултира со екстремно ефикасно согорување.
Благодарение на технологијата на посттретманот на издувните гасови, моторот ги исполнува Euro 3 стандардите.
Благодарение на посттретманот на издувните гасови со SCR (селективна каталитичка редукција) технологијата, моторот ги исполнува стандардите Euro 4 и Euro 5 (со даночно стимулирање).
Со опцијата на затворено вентилирање на картерот, Volvo FE може да се користи и во високоосетливи животни средини, како што се внатрешните области на градот и затворените објекти.