Дневна кабина
- Максимален простор за товарот
- 4 DIN прегради за CB радио, менувач на CD, тахограф итн.
Дневната кабина остава простор за долга каросерија и за максимален капацитет за товарот.
Comfort кабина
- Еден кревет, фиксен или на склопување
- Голем простор за складирање
- 4 DIN прегради за CB радио, менувач на CD, тахограф итн.
Comfort кабината е конструирана специјално за возачите коишто работат на малку подолги растојанија. Има место за кревет кога ви треба пауза. Во фиоката има место за документи за товарот и за други транспортни документи, за мапи и за лични предмети. На надворешната страна на фиоката има место за две големи шишиња или термоси.
Кабина за спиење
- Еден кревет
- Екстра место за складирање, со три прегради под креветот
- Широк спектар опции за седиштата
- Дополнителни нивоа на опрема
Кабината за спиење е комфорна и има многу простор за вас, кога ви треба пауза или добар ноќен сон. Дебелиот душек со пружини и широкиот кревет ви овозможуваат мирен сон.
Возачкото седиште е анатомски конструирано и пригодно наместено, така што можете да ја определите перфектната положба за возење. Има неколку опции за вас, вклучувајќи ги и ременот што е интегриран во седиштето, воздушното потпирање и моторното нагодување.