- D9B мотор; 300, 340 или 380 КС
- D11B мотор; 390 или 430 КС (само влечни возила 4x2 и 6x2)
- D13A мотор; 360, 400, 440 или 480 КС
- D13B мотор; 360, 400, 440 КС, ги исполнува Euro 4 со EGR технологијата
- Со SCR, моторите ги исполнуваат Euro4/Euro5 стандардите
- Моторна сопирачка на Volvo (VEB/VEB+)
- Опремен со приклучок за давање погон со 1000 Nm, погонуван од моторот.
- Голем вртежен момент во широк опсег на број на вртежи на моторот.
Повеќе моќност за вас
За Volvo FM можете да изберете неколку мотори - D9B, D13A и D13B. Покрај тоа, D11B е достапен за 4x2 и 6x2 влечните возила. Вкупно четири моќни решенија со најнова технологија, четири вентили по цилиндар и контролирани единични инјектори.
D9B – Висока ефикасност. Мала тежина
Моторот D9B е 9,4-литарски дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Се испорачува со три излезни моќности – 300, 340 и 380 КС.
Напредните техники на леење и решенијата од инженерингот резултираа со лесен мотор, кој дава забележлива моќност во однос на неговата тежина.
D11B – Со фокус на ефикасноста на горивото и на управливоста
Моторот D11B е 10,8-литарски дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Се испорачува со две излезни моќности – 390 и 430 КС.
D11B е на располагање за 4x2 и 6x2 влечните возила со Globetrotter LXL кабина.
D13A – Чиста моќност
Моторот D13A е 12,8-литарски дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Овој мотор е на располагање со избор од четири излезни моќности – 360, 400, 440 и 480 КС.
D13B – со EGR технологија
D13B е дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри и турбокомпресија и со работна зафатнина од 12,8 литри. Има глава на цилиндар од едно парче, горна оска со брегови, 4 вентили по цилиндар и централно поставени вертикални единични инјектори. Со EGR технологијата, D13B ги исполнува Euro 4 стандардите. Се испорачува со излезна моќност од 360, 400 и 440 КС.