Потпирање

Воздушно потпирање
Електронски контролираното потпирање (ECS) ви дава голем комфор и го заштитува вашиот товар. Системот се приспособува автоматски, така што камионот ја задржува константната висина, компензирајќи го нерамномерно распоредениот товар.

Рачната контрола на висината го олеснува приспособувањето на висината на товарната платформа со онаа на товарното место. Системот дури може да биде програмиран и со повеќе алтернативни висини на товарните места.

ECS е достапен во две верзии: целосно воздушно потпирање за сите тркала на камионот или задно воздушно потпирање. 
За возилата од градежен сегмент, за најголема бруто носивост предвиден е Tridem - погонски мост кој го сочинуваат две погонски оски, воздушно потпирање и пропратна управувачка оска. Tridem го карактеризира голема стабилност како и можност за употреба во многу тешки услови. Пропратната управувачка оска во комбинација со малото меѓуоскино растојание овозможува многу лесно маневрирање со мал радиус на вртење.
Листести пружини
Volvo FH16 може да биде опремен со параболични или со конвенционални листести пружини

© copyright AB Volvo 2008