Sleeper кабината обезбедува место за комфорно ноќевање на едно или две лица и има огромен простор за складирање.
Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.
Пакети за кабина
На располагање ви се неколку различни на пакети опрема за кабините. Пакетите содржат и дополнителна опрема, како што е лежалка, активните безбедносни системи на Volvo и врвните можности за стереото. Ова придонесува за комфорно и безбедно опкружување во кабината, како и за висока ефективност на возачот.