Volvo D13A
- D13A мотор: 400, 440, 480 или 520 КС
- Со SCR, моторот ги исполнува Euro 4 и Euro 5 стандардите
- Моторна сопирачка на Volvo (VEB/VEB+) како опција
- Може да биде опремен со приклучок за давање погон со 1.000 Nm, погонуван од моторот.
- Голем вртежен момент во широк опсег на број на вртежи на моторот.
Моторот D13A е 12,8-литарски дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Овој мотор е на располагање со повеќе излезни моќности – 400, 440, 480 и 520 КС.
D13B
- D13B мотор: 400, 440 или 500 КС
- 12,8-литарски турбо мотор
- Со EGR технологијата, моторот го исполнува Euro 4 стандардот
D13B е дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри и турбокомпресија, и со работна зафатнина од 12,8 литри. Има глава на цилиндар од едно парче, горна оска со брегови, 4 вентили по цилиндар и централно поставени вертикални единични инјектори. Со EGR технологијата, D13B ги исполнува Euro 4 стандардите. Се испорачува со излезна моќност од 400, 440 и 500 КС.