Потпирање

Воздушно потпирање
Електронски контролираното потпирање (ECS) ви дава голем комфор и го заштитува вашиот товар. Системот се приспособува автоматски, така што камионот ја задржува константната висина, компензирајќи го нерамномерно распоредениот товар.

Рачната контрола на висината го олеснува приспособувањето на висината на товарната платформа со онаа на товарното место. Системот може да биде програмиран со повеќе алтернативни висини на товарните места.

Листести пружини
Volvo FH може да биде опремен со параболични или со конвенционални листести пружини. Конвенционалните листести пружини понекогаш се користат кај камионите кои се употребуваат за градежни работи, од кои се бара голема стабилност и кај кои може да се очекуваат големи оптоварувања на оската. Параболичните листести пружини најчесто се користат за потпирање на предната оска и можат да се комбинираат со воздушно, параболично или со конвенционално задно потпирање.

© copyright AB Volvo 2008