Пософистицирано работно место

Дневна кабина

  • Дополнителна клупа за патници
  • Максимален простор за товарот
  • 4 DIN прегради за CB радио, менувач на CD, тахограф итн.


Дневната кабина остава простор за долга каросерија и максимален простор за товарот. Може да биде опремена со клупа за патници, со место за двајца.


Comfort кабина

  • Еден кревет, фиксен или на склопување
  • Изобилен простор за складирање
  • 4 DIN прегради за CB радио, менувач на CD, тахограф итн.


Comfort кабината е специјално конструирана за возачите кои работат на малку подолги растојанија. Има место за кревет кога ви треба пауза. На располагање ви стојат кревет за кратки запирања и вистински кревет. Под креветот има голем триделен сандак за складирање, на кој му се приоѓа со кревање на целиот кревет кон задниот ѕид на кабината.

Кабина за посада

  • Дополнителна клупа за патници
  • Место за седум патници
  • 4 DIN прегради за CB радио, менувач на CD, тахограф итн.


Кабината за посада е дизајнирана специјално за комунални услуги, како што се одржување на паркови, противпожарна заштита и други работи за коишто е потребен тим од повеќе од тројца. Crew-кабината е пространа и има доволно простор за сместување на документите и на опремата.

© copyright AB Volvo 2008